logo
logo
logo

Бектеши: Македонија и Чешка ќе работат на создавање нови бизнис партнерства

Vecer | 26.02.2021

Бектеши: Македонија и Чешка ќе работат на создавање нови бизнис партнерства


Министерот за економија, Крешник Бектеши, оствари средба со амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан.

На средбата се разговарало за продолжување на соработката меѓу двете земји, како и можностите за продлабочување на истата.

Министерот Бектеши го информирал чешкиот амбасадор за мерките коишто македонската влада ги презема изминатата година за поддршка на економијата и справување со негативните последици од пандемијата.

„Министерот и амбасадорот се согласија дека потенцијалите за соработка меѓу двете земји се големи и дека во наредниот период заеднички засилено ќе работат на создавање на бизнис-партнерства кои ќе значат позитивен тренд на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Чешката Република“, информираат од Министерството за економија.

Било оценето дека постои големо поле на можности за економска соработка помеѓу двете земји, кои како теми подетално ќе се дискутираат на наредната седница на мешовитатата комисија помеѓу Република Северна Македонија и Чешката Република.

Според статистичките податоци, трговската размена меѓу Северна Македонија и Чешката Република во изминатите неколку години бележи континуиран раст, додека во 2020 година како резултат на пандемијата размената меѓу двете земји бележи пад од од 4%, при што извозот се зголемува за 11,7%, а увозот се намалува за 10,2%.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk