logo
logo
logo

ЦЕЛТА Е МАКЕДОНИЈА ДА ИМА НАЈНИСКИ ЦЕНИ НА ЕНЕРГЕНСИ ВО РЕГИОНОТ

Vecer | 09.03.2026

ЦЕЛТА Е МАКЕДОНИЈА ДА ИМА НАЈНИСКИ ЦЕНИ НА ЕНЕРГЕНСИ ВО РЕГИОНОТ

Случувањата на Блискиот Исток ја прават состојбата на енергетските пазари динамична, со цени кои варираат од час во час. Владата неуморно работи да обезбеди енергетска стабилност.

Целта е Македонија да има енергенси по најниски цени во регионот, дури и покрај глобалните притисоци кои укажуваат на можни поскапувања. На пример, во соседните држави цените се повисоки за 40, 50, па дури и 60 проценти, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Затоа Владата одржа средба со претставници на нафтената индустрија, со цел да се координираат мерки и да се преземат сите можни чекори. Опозицијата пак, од друга страна, се служи со празни флоскули и се занимава со се освен со тоа што треба, но не е неочекувано затоа што од нивната пракса досега се гледа дека не им е јасно, ниту пак покажале дека знаат да се справат со криза.

На пример, лидерот на СДСМ Венко Филипче покажа и докажа дека не му е баш гајле за граѓаните, кога се обидуваше да профитира со вакцините против ковид и се обиде да врши набавка на истите преку компанија за јужно овошје по три пати поскапа цена, кога ги принуди граѓаните да одат и да се вакцинираат во соседни земји, па правеше шоу на граница за 5.000 вакцини. СДСМ беа последни во регионот што обезбедија заштита на народот. Јасна е разликата“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk