logo
logo
logo

12 КМ ОД АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА ЌЕ БИДАТ ПУШТЕНИ ВО 2027 ГОДИНА

Vecer | 08.10.2026

12 КМ ОД АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА ЌЕ БИДАТ ПУШТЕНИ ВО 2027 ГОДИНА

Првите 12 километри од автопатот Прилеп – Битола, долг вкупно 40 километри, ќе бидат пуштени во употреба во 2027 година, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој во поткастот „Каде се парите?“ изјави дека изградбата се одвива со добра динамика и дека првпат во Македонија се применува нов начин на изградба на автопат.

Наместо класична земјена подлога, на трасата се поставува подлога од дробен камен, која според Николоски треба значително да ја подобри стабилноста при возењето.

– Така ќе биде и на Кичево – Букојчани и на Скопје – Блаце – изјави Николоски.

Министерот најави дека првиот сегмент од автопатот ќе биде отворен веќе следната година, додека изградбата на преостанатиот дел ќе продолжи.

– Првите 12 километри од вкупно 40 на автопатот Прилеп – Битола ќе бидат ставени во функција в година – рече Николоски.

Тој посочи дека останува да се реши и поврзувањето на новиот автопат со делницата од Фариш кон Прилеп.

Автопатот започнува на околу 9 километри пред Прилеп, поради што останува нерешена делница од приближно 25 километри.

За овој дел, според Николоски, сè уште се разгледува дали да се гради автопат или експресен пат.

– Она што сега останува е делот од Фариш до Прилеп. Ќе останат 25 километри што не се решени. Во моментот разговараме да изнајдеме решение дали да се градат како автопат или експресен пат – рече Николоски.

Автопатот Прилеп – Битола е дел од поширокото инфраструктурно поврзување на Пелагонија со останатиот дел од земјата.

Претходно беа пуштени во употреба двете фази од експресниот пат Градско – Прилеп, односно делниците Градско – Дреново и Дреново – Фариш.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk