logo
logo
logo

Владата ја продолжува мерката за намалување на ДДВ за дизелот од 18 на 10 отсто до 20 октомври

Vecer | 09.10.2026

Владата ја продолжува мерката за намалување на ДДВ за дизелот од 18 на 10 отсто до 20 октомври

Владата ја продолжува мерката за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизелот од 18 отсто на 10 отсто до 20 октомври 2026 година.

Како што соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот Фејсбук профил, целта на одлуката е ублажување на ценовните притисоци врз домаќинствата и стопанството, како и одржување на економската стабилност.

Продолжуваме со мерките за заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија. Владата ја продолжува мерката за намалување на ДДВ за дизелот од 18 отсто на 10 отсто, до 20 октомври 2026 година. Со оваа мерка влијаеме врз малопродажните цени на горивата и ги ублажуваме надворешните ценовни притисоци, со цел да го намалиме финансискиот товар врз граѓаните и стопанството, напиша Димитриеска-Кочоска.

Додава дека надлежните институции остануваат фокусирани на движењата на глобалните берзи.

Продолжуваме внимателно да ги следиме состојбите на меѓународните пазари и навремено да реагираме со мерки што придонесуваат за заштита на животниот стандард и економската стабилност – истакна министерката за финансии Димитриеска-Кочоска во објавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk