Народната банка денеска закажа прес-конференција на која гувернерот д-р Трајко Славески ќе се обрати во врска со актуелните случувања во банкарскиот сектор и супервизорските активности на централната банка.
Прес-конференцијата доаѓа во период на зголемено внимание на јавноста кон случувањата поврзани со „Алта банка“, по информациите за одземањето на дозволата за работа на банката во Србија и прашањата за можните последици врз банкарскиот сектор во Македонија.
Се очекува гувернерот Славески да се осврне на актуелните состојби, стабилноста на банкарскиот систем и активностите што ги презема Народната банка во рамките на своите надлежности.
Прес-конференцијата е закажана за денеска, 1 ноември, со почеток во 17:00 часот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата