ОКТА ја продолжува иницијативата за поддршка на пазарот со попуст од два денари по литар дизел гориво

Vecer | 20.10.2026

ОКТА ја продолжува иницијативата за поддршка на пазарот со попуст од два денари по литар дизел гориво
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД - Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

Попустот ќе се применува на продажбата на дизел гориво што ОКТА го испорачува на трговците со горива на големо и мало. Учесниците на пазарот и понатаму самостојно ќе ги утврдуваат конечните малопродажни цени, во согласност со своите комерцијални политики и актуелните пазарни услови.

Оваа иницијатива е дел од серијата таргетирани мерки за поддршка кои ОКТА ги спроведува од март 2026 година, со цел да придонесе кон ублажување на влијанието на нестабилноста на меѓународните пазари и за поддршка на стабилноста и конкурентноста на домашниот пазар на горива.

Со најновата иницијатива, вкупната вредност на досегашната поддршка, која ОКТА ја обезбедува за домашниот пазар од март 2026 година, се очекува да достигне приближно 8 милиони евра. Со ова, компанијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност на поддршката на потрошувачите, бизнисите и пошироката економија во периоди на зголемена нестабилност на пазарите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk