logo
logo
logo

Заглавена птица во мотор откажа лет во Солун

Vecer | 07.08.2026

Заглавена птица во мотор откажа лет во Солун

Авион не успеа да полета од солунскиот аеродром „Македонија“ кон Германија бидејќи во еден од моторите на авионот била пронајдена птица, пренесува локалниот информативен портал Теспост.

Авионот, во кој требало да се качат околу 150 патници, бил планиран за почеток на летот вчера рано навечер. Меѓутоа, по подолг престој кај излезот за качување, патниците биле официјално известени дека летот се откажува поради утврдено присуство на птица во моторот на леталцето.

Според најавите, патниците треба да заминат за Германија во текот на денешниот ден.

Информативните портали потсетуваат дека вшмукувањето птици во авионските мотори претставува еден од најчестите ризици со кои се соочуваат пилотите во патничката авијација

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk