Вучиќ изјави дека Србија е последната земја на која и се потребни инциденти како оние во Бањска. Во интервјуто за Си-Ен-Ен, со новинарката Кристијан Аманпур, која се прослави со известувањето од боиштата на поранешна Југославија, тој кажа дека секој може да види дека Србија е конструктивен партнер, а дека другата страна не прави ништо. Вучиќ мегудругото изјави дека ги цени извештаите на Белата куќа, но дека вистинското прашање е што извештаите не се целосно точни.