Вучиќ: Србија ќе обезбеди литиум за германската автомобилска индустрија

Vecer | 27.12.2024

Вучиќ: Србија ќе обезбеди литиум за германската автомобилска индустрија
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

- Ова партнерство е од многу големо стратешко значење за двете земји. Германија ќе биде единствената земја што директно ќе добие литиум. На овој начин Србија се позиционира како столб на германската автомобилска индустрија, на која и е потребен материјалот за производство на батерии за електрични возила. Досега Европа беше зависна од увоз од Кина, Австралија и Јужна Америка. Сакаме да ставиме крај на ова, посочи Вучиќ.

Србија и Европска Унија на 19 јули годинава потпишаа меморандум за разбирање, вклучувајќи стратешко партнерство во областа на одржливи суровини, синџири за производство на батерии и електрични возила. Документот беше потпишан во Белград во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и германскиот канцелар Олаф Шолц.

Според Вучиќ, Србија може да произведува 58 илјади тони литиум годишно и да ја снабдува ЕУ, што би било доволно за производство на 1,1 милион електрични возила.

Во 2022 година српските власти го прекинаа заедничкиот проект со австралиско-британскиот концерн „Рио Тинто“ за развој на наоѓалишта на литиум по серијата протести на еко-активистите. Во јули годинава Уставниот суд на Србија ја укина владината одлука, со која се овозможи продолжување на проектот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk