logo
logo
logo

ВУЧИЌ СО ЖЕСТОКА ПОРАКА ЗА КОСОВО - „Ги малтретираат Србите, ќе го смениме текот на Ибар“

Vecer | 10.08.2026

ВУЧИЌ СО ЖЕСТОКА ПОРАКА ЗА КОСОВО - „Ги малтретираат Србите, ќе го смениме текот на Ибар“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека животот на Србите во Косово и Метохија е „ужасно тежок“ и дека српската држава прави се што може за да им ја олесни ситуацијата. Одговарајќи на прашање дали очекува дополнителни последици за Србите поради ставовите што украинскиот претседател Володимир Зеленски ги изнесе за време на посетата на Белград, Вучиќ рече дека добро ги знае условите на теренот и дека секојдневно се соочува со проблемите со кои се соочува српското население.

Тој ги покани сите, кои, како што изјави, се „големи заштитници на интересите на српскиот народ“ да го прашаат српскиот народ во Косово и Метохија во кого го гледаат единствениот заштитник.

„Дали е опција за нас во овој момент да војуваме со НАТО, дали е опција? Не мислам така. Правиме сè што можеме за да им го олесниме животот на нашите луѓе, што е ужасно тешко“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека Србија собира експерти од градежниот сектор, инженери и други за да видат како може да се промени водотекот на Ибар.

„Кога толку многу го малтретираат нашиот народ, да видиме, имаме различни причини за промена на текот на Ибар, па ќе видиме што ќе прават Албанците и како ќе се однесуваат. Ние сме суверена земја, знаете, понекогаш имаме вакви интереси, понекогаш имаме такви интереси и ќе дејствуваме соодветно“, рече претседателот на Србија.

Вучиќ им порача на сите кои, како што вели, „би биле среќни да седат во кафулиња и барови и да му кажуваат на некого дека не е херој, иако тој некој се борел многу, многу повеќе од сите нив заедно“, дека е убаво да се имаат патриотски чувства, но дека мора да кажат какво е решението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk