logo
logo
logo

Вучиќ најави дека СНС ќе ги блокира судовите во Нови Сад

Vecer | 20.05.2025

Вучиќ најави дека СНС ќе ги блокира судовите во Нови Сад

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја поддржа идејата на претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, членовите и активистите на таа партија да ја блокираат зградата на Апелацискиот суд во Нови Сад се додека, како што изјави, не се ослободат четворицата млади лица обвинети за напад врз студенти пред просториите на таа партија во Нови Сад.

„Ги ослободувате терористите и заговорниците на пуч по два месеца, а ги држите во притвор луѓето кои само ги штитеа просториите. Разговарав со претседателот на партијата (СНС) Милош Вучевиќ и целосно ја поддржувам неговата идеја Апелацискиот суд и целиот суд во Нови Сад да бидат блокирани од моментот кога ќе кажат. И сега ниту полицијата ниту кој било друг нема да може да ги пропушти додека не донесат одлука за ослободување на тие лица“, рече Вучиќ.

Четворица активисти на СНС беа приведени откако физички нападнаа двајца млади мажи и три млади жени во Нови Сад во ноќта меѓу 27 и 28 јануари, при што една девока беше тешко повредена, а еден млад човек беше полесно повреден.

Апелацискиот суд во Нови Сад попладнево донесе одлука за прекин на притворот на притворените активистки Марија Васиќ, Лазар Диниќ и Ладo Јововиќ, кои беа во притвор повеќе од два месеца. Судот подоцна ќе одлучи за другите тројца притворени активисти. Ослободувањето е по неколкудневни протести на студентите во блокада и граѓани на Србија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk