ВО КОСОВО НЕ ИМ ДОЗВОЛИЈА ДА ГЛАСААТ НА СРПСКИТЕ ИЗБОРИ: Голем број Срби со автобуси и автомобили тргнаа кон Србија

Vecer | 25.10.2026

ВО КОСОВО НЕ ИМ ДОЗВОЛИЈА ДА ГЛАСААТ НА СРПСКИТЕ ИЗБОРИ: Голем број Срби со автобуси и автомобили тргнаа кон Србија

Граѓаните од Косово кои сакаат да гласаат на предвремените парламентарни избори за српскиот Парламент во раните утрински часови во голем број тргнаа кон централна Србија, откако властите во Приштина не дозволија гласање на таа територија.

Србите од Лепосавиќ, Звечани, северниот дел на Косовска Митровица, Зубин Поток, но и од српските области јужно од Ибар, Грачаница, Штрпце и регионот на Косовско Поморавје тргнаа со автобуси и приватни возила, објави ТВ Мост.

Според одлуката на Републичката изборна комисија, гласачите од Косово и Метохија ќе можат да гласаат во Врање, Куршумлија, Рашка и Тутин.

Гласачите од територијата на Косовско-митровичкиот административен округ, општините Лепосавиќ, Звечан, Косовска Митровица и Србица гласаат во Рашка, додека граѓаните од Зубин Поток гласаат во Тутин. Граѓаните од Вучитрн гласаат во Мердар.

Гласачите од Метохија, од Пеќскиот округ, општините Исток, Пеќ, Клина, како и од Призренскиот округ - Призрен, Сува Река, Ораховац, Гора и Опоље исто така гласаат во Тутин.

Во Врање гласаат граѓаните од територијата на Косовско-поморавичкиот округ - општините Косовска Каменица, Ново Брдо, Гњилане и Витина. Во Куршумлија гласаат граѓаните од Подуево, Обилиќ, Грачаница, Приштина, Липљан, Косово Поле, Штрпце и Урошевац.

Право на глас на денешните предвремени парламентарни избори имаат 6.451.292 гласачи. Избирачките места ќе бидат отворени до 20:00 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk