ВО ЖИВО | СРБИЈА МАСОВНО ИЗЛЕГУВА НА ГЛАСАЊЕ: Повеќе од двојно поголема излезност, долги редици пред избирачките места

Vecer | 25.10.2026

ВО ЖИВО | СРБИЈА МАСОВНО ИЗЛЕГУВА НА ГЛАСАЊЕ: Повеќе од двојно поголема излезност, долги редици пред избирачките места

Србија денеска гласа на предвремените парламентарни избори, кои би можеле да бидат најголемиот тест за власта на Александар Вучиќ во последните 14 години. На неговиот блок сериозно му се заканува политичката сила произлезена од студентските протести по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во ноември 2024 година, кога загинаа 16 лица.

За 250 пратенички места во Народното собрание се натпреваруваат 18 изборни листи, од кои девет се малцински. Право на глас имаат нешто повеќе од 6,45 милиони избирачи. Избирачките места се отворени од 7 до 20 часот.

🔴 10:13 – Две жени колабирале на избирачко место во Рашка каде гласаат Срби од Косово

Големи гужви се забележани на избирачките места во Рашка, каде што гласаат избирачи од северно Косово. Во првиот половина час по отворањето на гласачките места, две жени колабирале, пренесува „КоССев“.

Според медиумот, избирачките места во Рашка биле отворени навреме, а гласањето започнало без доцнење. Уште во првиот час бил забележан голем број гласачи.

🔴 09:48 – Контролор: Во Ужице забележан обид за „бугарски воз“

Од Ужице пристигнуваат првите наводи за изборни неправилности.

Како што јавува репортерката на ТВ Нова, во 7 часот биле отворени околу 95 отсто од избирачките места во Ужице, но имало и проблеми.

Избирачкото место број 60 не било отворено на време, а контролорот Благоје Радојичиќ вели дека во 6 часот, кога дошле, сè било во ред, но дека проблемот настанал бидејќи добиле две кабини со завеси и две картонски кутии.

🔴 09:44 – Адвокатка од Ниш: 30 луѓе упаднале на избирачко место и ги нападнале присутните

Триесеттина луѓе упаднале на избирачкото место 27 во Дољевац, Србија, каде што физички ги нападнале присутните и го попречувале гласањето, изјави за Н1 Драгана Милутиновиќ, адвокатка и политичка активистка од Ниш.

Тврди дека полицијата се наоѓала пред избирачкото место, но дека не реагирала. Според нејзините зборови, граѓани упаднале и на уште две избирачки места, каде што ги нападнале членовите на избирачките одбори.

Н1 контактирала со српското Министерство за внатрешни работи (МВР) за да добие информации за овој случај, одговор се уште се чека.

🔴 09:32 – Стигна првата проценка за одзивот

Според проценката на ИПСОС и Цесид, врз основа на 94 отсто обработен примерок, до 9 часот гласале 12 отсто од гласачите. На изборите во 2023 година до 9 часот гласале 5,3 отсто од гласачите.

🔴 09:03 – Редици како во Белград и во дијаспората: Стотици Срби чекаат да гласаат во Лос Анџелес, гужви и во Чикаго и Париз

Голем број српски државјани кои живеат во странство утрово излегоа на гласање на предвремените парламентарни избори во Србија, а пред избирачките места во повеќе градови се формираа долги редици.

🔴 08:35 – На гласање пристигна и Илија Срдановиќ од Студентската листа

Првиот на Студентската листа, Илија Срдановиќ, гласаше денеска на предвремените парламентарни избори во Нови Сад.

Професорот гласал на избирачкото место број 58, во Основното училиште „Прва војводинска бригада“. Граѓаните кои чекале во ред на ова избирачко место го поздравиле со аплауз.

🔴 08:31 – Седум избирачки места во Шабац не биле отворени навреме

Поради технички проблеми, седум избирачки места во Шабац не биле отворени во 7 часот, како што било предвидено, соопштиле од Градската изборна комисија за агенцијата Танјуг.

И во овој град граѓаните чекаат во редици за да гласаат на парламентарните избори. Во Шабац право на глас имаат 97.402 избирачи, кои гласаат на 100 избирачки места на територијата на градот и на едно избирачко место во Казнено-поправниот дом во Богосавац.

🔴 08:29 – Вучиќ со сопругата чека во ред за гласање

Александар Вучиќ, носител на листата „Обединета Србија“ и поранешен претседател и премиер на Србија, пристигна со сопругата Тамара на избирачкото место во Нов Белград.

Поради гужвата на избирачкото место, двајцата чекале во ред за да го остварат своето право на глас.

🔴 08:28 – Срби од Косово со автомобили и автобуси заминаа на гласање во Србија, гужви на границата

Голем број Срби од Косово и Метохија, кои сакаат да го остварат своето право на глас на предвремените парламентарни избори во Србија, тргнале рано утринава кон Србија, бидејќи не можат да гласаат во местата каде што живеат. Поради нивното заминување, се создаваат гужви на граничните премини.

🔴 07:52 – Во некои држави ќе се гласа и во текот на ноќта

Една од главните новини е промената на времето за отворање на избирачките места во странство. Според ЦЕСИД, целта е да се спречи предвремено објавување на резултатите од гласањето во дијаспората, пред да заврши гласањето во Србија.

Во зависност од временската зона, гласањето ќе се одвива во различни локални часови. Во Чикаго почна во 1 часот по полноќ, а во Вашингтон, Њујорк и Канада во 2 часот. Во Австралија ќе трае од 17 часот на 25 октомври до 6 часот следното утро, на Нов Зеланд од 19 до 8 часот, а во Кина од 14 часот до 3 часот по полноќ.

🔴 07:33 – Во Нови Сад редици уште од пет часот наутро

Во Нови Сад гласањето започна во 7 часот. Право на глас имаат 345.943 граѓани, кои можат да гласаат на вкупно 221 избирачко место.

Избирачките места биле отворени навреме, а граѓаните почнале да гласаат уште во раните утрински часови.

Редиците пред речиси сите избирачки места почнале да се формираат околу 5 часот, два часа пред официјалниот почеток на гласањето.

🔴 07:21 – Редици пред избирачките места во Белград

Според извештаите, редици од гласачи почнале да се формираат уште во раните утрински часови.

🔴 07:04 – Првите гласачи го остварија правото на глас

Избирачките места во Србија се отворени, а првите граѓани веќе гласаа. Гласањето ќе трае до 20 часот.

🔴 07:03 – Редици се формираа пред отворањето на избирачките места

На одредени избирачки места во Белград граѓаните чекале на гласање уште пред 7 часот, кога официјално започнало гласањето.

Кои се 18-те изборни листи?

1. „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

2. „Ивица Дачиќ – Фактор на стабилноста“

3. „Студентска листа – Студентите победуваат“

4. „Расим Љајиќ – Човечки (СДП-ЦДП)“

5. „Сојуз на војводинските Унгарци – д-р Балинт Пастор“

6. „Усаме Зукорлиќ – Движење за обединување“

7. „Руска партија – Србија во БРИКС – Слободан Николиќ“

8. „Автентична десница – д-р Милош Јовановиќ – Храбро српски“

9. „Европска Србија – Мариника Тепиќ – Здравко Понош“

10. „СДА Санџак – Чувари на Санџак“

11. „Богољуб Кариќ – Движење Сила на Србија – БК“

12. „Либерално зелена партија – За слободна и почиста Србија“

13. „Избирам правда – Избирам иднина“

14. „Партија на руско-српско единство – Русите и Србите се браќа засекогаш“

15. „Тато, ова е за тебе – Петар Ѓуриќ – премиер на Србија“

16. „Владимир Гајиќ – Алтернатива за Србија“

17. „Албанска коалиција“

18. „Мајка Србија – Груда“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk