Затишјето меѓу демонстрантите и полицијата во близина на канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама траело околу два часа, но ситуацијата повторно ескалирала откако еден демонстрант фрлил молотов коктел врз зградата.
Полицијата одговорила со солзавец и водени топови, пренесе „Еуроњуз Албанија“.
Потоа демонстрантите почнале да фрлаат камења кон полицијата, а според првичните информации, полициските службеници испукале и гумени куршуми.
Откако полициските сили ги растерале демонстрантите од булеварот „Дешморет е Комбит“, тие се разотишле во неколку правци и продолжиле да се собираат по околните улици и на плоштадот „Скендербег“.
Некои групи запалиле канти за отпадоци и ги оставиле на средината на патот за да го блокираат движењето на полициските возила.
Булеварот „Дешморет е Комбит“ бил испразнет од демонстрантите, а во тој дел од градот останале само полициските сили.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата