Тешка несреќа се случила денеска на автопат во Хрватска, во која учествувале пет возила – два камиона и три коли. Сообраќајот е целосно во прекин, поради што предизвика е огромна колона долга осум километри. Според информациите, во несреќата има и еден загинат, пренесува Индекс.
Еден автомобил е целосно смачкан
Едниот камион со полуприколка со предниот дел удрил во задниот дел од автомобил, кој бил целосно смачкан од силата на ударот и влечен под камионот, додека веднаш до нив е другиот камион со кран. Во далечината се гледаат запрените возила на службите за итни случаи и колоната автомобили што стојат на сообраќајните ленти.
По несреќата, автомобил со словенечки таблички возел во спротивна насока по коридорот за Итната помош
По несреќата, додека возилата стоеле во колона, еден автомобил возел во спротивна насока по коридорот формиран за служби за итни случаи.
„Се наоѓам во конвој поради сообраќајна несреќа помеѓу раскрсницата Мост Сава и раскрсницата Загреб Исток. Еден автомобил почна да вози во спротивна насока по коридорот за итни случаи“, објави читателот на Индекс кој го снимил настанот.
На фотографиите се гледа сребрен Мерцедес со словенечки регистарски таблички свртен кон спротивната насока како се движи низ просторот помеѓу запрените возила.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата