logo
logo
logo

УЖАС НА ПЛАЖА ВО ХРВАТСКА - Огромен бор се урна врз туристи, повредени и деца

Vecer | 09.08.2026

УЖАС НА ПЛАЖА ВО ХРВАТСКА - Огромен бор се урна врз туристи, повредени и деца

Паника на плажа во Цриквеница, Хрватска, откако 14 метри висок бор паднал врз туристи. Повредени се две деца и двајца возрасни, кои веднаш биле пренесени во Риечкиот болнички центар. Според надлежните, никој од повредените не е животно загрозен. На местото на несреќата била укажана помош и на уште неколку лица со полесни повреди.

Полициската управа Приморје-Горски Котар потврди дека добила пријава за паѓање на дрвото на плажата пред хотел во Цриквеница околу 11.10 часот.

Полициски службеници и други служби, полиција и пожарникари веднаш биле испратени на местото на настанот – соопшти полицијата Приморје-Горски Котар.

Додека пристигнале службите за итни случаи, луѓето што се нашле под дрвото успеале да се извлечат од под гранките.

Според информациите од порталот 24sata, станува збор за бор висок околу 13,5 метри кој наводно се скршил во самиот корен. Во моментот кога дрвото паднало, во тој предел имало хрватски и чешки државјани со деца. Станува збор за вкупно осум возрасни лица и четири деца, поради што е голема среќа што инцидентот не завршил со посериозни последици.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk