logo
logo
logo

Ципрас бара гласање на недоверба на владата на Мицотакис

Vecer | 27.01.2022

Ципрас бара гласање на недоверба на владата на Мицотакис

Лидерот на грчката опозициска  Сириза, Алексис Ципрас доставил предлог за гласање недоверба на Владата.

За време на расправата во парламентот околу  законот од министерството за развој, Ципрас вонредно побарал збор,и  упатил остри критики и обвинувања до владата, особено околу справувањето со снежната бура.

За време на говорот Ципрас ја оквалификувал владата на Мицотакис како  „најлошата влада во земјата по падот на хунтата“.

 Владата на Нова Демократија во парламентот има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk