Собранието на Адвокатската комора на Србија изгласа едномесечен прекин на работата

Vecer | 02.02.2025

Собранието на Адвокатската комора на Србија изгласа едномесечен прекин на работата
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

„Триесет дена суспензија со строг режим, само преклузивни рокови, како што предложи Адвокатската комора Шабац. Предлогот на Управниот одбор на АКС (за 15-дневен прекин на работа) не се ни гласаше, бидејќи овој предлог доби мнозинство“, изјави Терзиќ за агенцијата Бета.

Тој додаде дека Управниот одбор на АКС ќе утврди кога ќе стапи на сила прекинот на работата.

Адвокатската комора на Србија кон средината на јануари гласаше за седумдневен прекин на работа, што беше поништено од страна на Вишиот суд во Белград, по што адвокатите заминаа на два прекини со работа од по три дена.

Една од причините за тие прекини на работа, како што наведоа адвокатите, е да се изрази солидарност со студентите кои повеќе од два месеци протестираат низ Србија.

Несреќата во Нови Сад, во која 15 лица загинаа, а две беа тешко повредени кога пред три месеци се урна настрешницата на главната железничка станица во Нови Сад, предизвика масовни протести во Србија кои изнесоа десетици илјади луѓе на улиците./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk