logo
logo
logo

ОГНОТ ГИ ИЗБРКА ЛУЃЕТО ОД ДОМОВИТЕ - Евакуација во јужна Албанија, пожарникарите во битка со пламените јазици

Vecer | 05.08.2026

ОГНОТ ГИ ИЗБРКА ЛУЃЕТО ОД ДОМОВИТЕ - Евакуација во јужна Албанија, пожарникарите во битка со пламените јазици

Голем пожар избувна во јужниот дел на Албанија, каде што огнената стихија стигнa до куќите во селото Рибан. Петнаесетина семејства беа евакуирани од загрозеното подрачје, заедно со нивниот добиток и домашните миленици, додека пожарникарите со помош на копнени и воздушни сили се обидуваат да го стават огнот под контрола.

Пожарот беснее во регионот Малакстер, а надлежните служби велат дека главниот приоритет е спречување на ширењето на пламените јазици кон населените места. Паралелно, се води борба и со втор пожар во планински предел јужно од Ѓирокастро, за кој се сомнева дека е предизвикан од удар на гром.

Пожарите се дел од топлотниот бран што ги зафати јужните и источните делови на Европа. Во Италија се издадени црвени предупредувања за високи температури, кои во некои области ќе достигнат околу 40 Целзиусови степени.

Во соседна Грција, пожар во близина на туристичко одморалиште северозападно од Атина оштети куќи, предизвика итни евакуации и уништи илјадници хектари земјоделско земјиште. Иако пожарот е ставен под контрола, стотици пожарникари и шест хеликоптери остануваат на терен за да спречат негово повторно разгорување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk