logo
logo
logo

КРЕНАЛ ПАНИКА НА АЕРОДРОМ ДЕКА МУ ИСЧЕЗНАЛО ДЕТЕТО - Испаднало дека го заборавил во сместувањето

Vecer | 06.08.2026

КРЕНАЛ ПАНИКА НА АЕРОДРОМ ДЕКА МУ ИСЧЕЗНАЛО ДЕТЕТО - Испаднало дека го заборавил во сместувањето

Вистинска драма се одвивала на аеродромот на грчкиот остров Наксос, откако странски турист пријавил дека неговото дете исчезнало. По кратка потрага, надлежните утврдиле дека детето воопшто не било на аеродромот, туку останало во собата од сместувањето бидејќи таткото заборавил да го земе со себе. Инцидентот се случил на 4 август, а за случајот известуваат грчките медиуми.

Мажот пристигнал на аеродром со автомобил и брзо пријавил кај надлежните дека го изгубил своето дете.

Полицајците веднаш интервенирале и почнале да проверуваат што се случило, а вознемирениот маж рекол дека веројатно детето само отворило врата од возилото и излегло, според некои извештаи.

По кратка потрага, полицијата го советувала да се јави во сместувањето каде што престојувале, а по неколку минути, сопственикот му кажал дека детето е безбедно, во собата која никогаш не ја ни напуштило кога семејството заминало.

Откако се уверил дека детето е на безбедно, таткото веднаш го напуштил аеродромот и се вратил во сместувањето да го земе, со што се ставило крај на кратката истрага.

Иако на крај завршило сè добро, сепак таткото веројатно нема да добие мир и оваа случка ќе му се спомнува уште долги години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk