“Студентските проптести“ кои ја потресуваа Србија речиси десет месеци воопшто не се студенстки бидејќи според изборната листа на неа има најмалку студенти, а парите кои доаѓале од странство за финансирање на протестите оделе кај познати опозициони полоитичари, па дури и луѓе пред или во пензија.
Според изјава на српскиот претседател Александара Вучиќ за Њујорк Тајмс преку сметките е утрдено дека лицата за простетите од “Студенти во блокада“ примало 30-50 евра на ден, а главните пари се исплаќани на невладини органзиации од неколку европски држави и фондацијата на Џорџ Сорос. Лидерите на протестите и нивните поголеми невладини организации за тоа време примиле околу 200 милиони евра за своите активности.
Имало и лични “невладини организации“ како оваа на Југослав Ристиќ од „Студентски список“, синдикален функционер во пензија, кој се најде во центарот на вниманието поради наводите за исплати од Шведска кон невладината организација што ја основал, а споменатите бројки го отвораат прашањето за финансирање на нејзините активности.
Според медиумите, парите му биле исплатени на Ристиќ од Меѓународниот центар Олоф Палме, шведска невладина организација.
Ристиќ ја основал невладината организација „Нова светст“ во 2022 година и оттогаш прима пари од странство.
За 2025 година и досега, според извештаите од банките тој добил вкупно околу 60.000 евра исплатени во евра и шведски круни:
Невладината организација „Нова свест“ има Фејсбук профил и сè таму е посветено на изборите и Студентскиот список. Сè е спротивно на прокламираните цели на невладината организација - заштита на работничките права.
Оваа тема беше отворена и за време на вчерашната дебата на Нова ТВ, кога Синиша Мали, претставник на листата „Александар Вучиќ - Единствена Србија“, директно го обвини Југослав Ристиќ, претставник на „Студентски список - Студентите победуваат“, дека добил пари од Шведска и дали парите ги искористил за себе при купување куќа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата