logo
logo
logo

КФОР: Ситуацијата во Косово останува кревка, политичкиот дијалог е клучен

Vecer | 30.06.2025

КФОР: Ситуацијата во Косово останува кревка, политичкиот дијалог е клучен

Во интервју за телевизијата „РТВ Дукаѓини“, Бардуани ја нагласи посветеноста на НАТО кон зачувување на стабилноста и рече дека дијалогот со посредство на ЕУ е единствениот пат кон траен мир.

- Насилството во Звечан и инцидентот кај каналот Ибар-Лепенац ни покажаа колку ситуацијата е чувствителна, иако сега е мирна. Поради тоа беше зголемено присуството на КФОР за над 1.000 војници – едно од најголемите зајакнувања во последната деценија, изјави тој.

Бардуани потенцира дека стабилноста не зависи само од КФОР, туку и од политичката волја за дијалог и соработка. Тој подвлече дека Косовските безбедносни сили (КБС) можат да влезат на север само со претходна согласност од КФОР, што е обврска што НАТО ја смета за клучна.

Во врска со присуството на српската војска близу границата, тој посочи дека не се евидентирани прекршувања на обврската Србија однапред да го извести КФОР за секоја активност.

Бардуани, исто така, ја повика Србија да ги истражи нападите врз војниците на КФОР од 2023 година, велејќи дека сторителите сè уште не се изведени пред правдата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk