logo
logo
logo

Исчезнат хрватски морнар НАЈДЕН ЖИВ ПО 30 ГОДИНИ ВО ШПАНИЈА

Vecer | 23.01.2022

Исчезнат хрватски морнар НАЈДЕН ЖИВ ПО 30 ГОДИНИ ВО ШПАНИЈА

Морнарот Петар Марчинко, кој исчезнал пред 30 години од Чепикуќе на самиот југ на Хрватска, е пронајден во Шпанија, каде што живее и денес.

Јавноста се уште не ја знае причината за неговото мистериозно заминување во Шпанија пред 30 години и зошто никогаш не контактирал со семејството.

Последната информација за него била во април 1992 година, кога како 39-годишник тргнал со бродот Дубровник во Хихон, Шпанија и оттогаш му се губи секаква трага.

Дури 30 години подоцна, полициската управа Дубровник-Неретва неделава добила потврда од меѓународни институции со кои соработувале при проверка на документи кои неодамна се појавиле во полициската станица Стон на негово име.

ДуЛист објавил дека дека од Управата на полицијата посочиле дека документите ги добиле службено преку Хрватската амбасада во Шпанија и дека е потребно да се утврди идентитетот на Марчинко и автентичноста на пристигнатите документи.

По детална проверка Марчинко е пронајден жив во Шпанија.

Неговите соседи од селото Чепикуќа за него имаа само пофални зборови, пишува Блиц.

- За мене како момче беше ‘прволигаш’... Ние сме од исто село, реков дека делев пура со него. Ниту бил оженет, ниту имал деца. Има четворица браќа, двајца се починати, а двајца се живи. Едниот е во Канада, другиот во Франција. Сакаше да им помогне на сите, никогаш никому не должел. Можам да кажам се најдобро за него, никогаш не сум слушнал дека имал проблеми со некого и сите ќе го кажат тоа. Никој нема за што да се жали. Беше одличен, премногу добар, мирен, изјави еден од нив.

Според зборовите на еден сосед, Петар требало да се качи на брод за Канада за да оди кај својот брат, но поради некоја причина изгледа не го сторил тоа, туку се симнал во Шпанија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk