БИХ Е НЕУСПЕШНА КОЛОНИЈА, порача Додик од Москва

Vecer | 28.05.2026

БИХ Е НЕУСПЕШНА КОЛОНИЈА, порача Додик од Москва
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по средбата во Москва со секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, изјави дека Босна и Херцеговина е „неуспешна земја и колонија со која управуваат странци“. Тој истакна дека Бања Лука води секојдневна битка за да се ослободи од колонијалниот јарем наметнат од лажните високи претставници и странските судии во Уставниот суд.

Додик упати и сериозни безбедносни обвинувања, тврдејќи дека Западот промовира опасни воени коалиции во регионот.

Обвинувања за антисрпски сојуз и радикален исламизам

Според Додик, официјална Москва ја споделува загриженоста за обидите на некои западни земји, предводени од Германија, да формираат воени групи на Балканот.

„Сметаме дека Хрватска, Албанија и таканареченото Косово формираат антисрпски воен сојуз. Загрижувачки е што Европа како политичка заедница сè повеќе се претвора во воена структура“, изјави Додик.

Тој повлече и историска паралела со војната во БиХ, тврдејќи дека остатоците од озлогласената единица „Ел Муџахедин“, која вршела злосторства врз Србите, сè уште се активни како терористичка структура.

Економска поддршка и отворена соработка со Кремљ

И покрај жестоките притисоци и ограничувања од Западот, Додик потврди дека Република Српска и Русија ги делат идентичните ставови за регионалните и глобалните случувања. На средбата со Шојгу било договорено продолжување на економската и културната соработка, како и зачувување на руските инвестиции во Република Српска.

Лидерот на Српската повтори дека неговиот ентитет никогаш нема да се согласи на санкции против Москва и испрати директна порака за војната во Украина:

„Ние јасно ја поддржуваме специјалната воена операција и сакаме Русија да ги постигне своите цели за завршување на војната во согласност со руските интереси.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk