logo
logo
logo

ДАНОЧЕН МЕГА-СKАНДАЛ ВО ГРЦИЈА: 152 фантомски фирми извлекле над 40 милиони евра!

Vecer | 09.09.2026

ДАНОЧЕН МЕГА-СKАНДАЛ ВО ГРЦИЈА: 152 фантомски фирми извлекле над 40 милиони евра!

Грчките власти открија голема даночна измама вредна повеќе од 40 милиони евра, во која биле вклучени 152 фантомски фирми. Истрагата на грчката Управа за спречување перење пари покажала дека преку незаконски поврати на ДДВ и данок на добивка биле исплатени најмалку 16 милиони евра, додека дополнителни милиони биле спречени пред да бидат исплатени. Во случајот се опфатени 46 лица, а нивните банкарски сметки и недвижен имот веќе се замрзнати.

Истрагата што ја водеше претседателот на Управата за спречување перење пари, поранешниот заменик-јавен обвинител Хараламбос Вурлиотис, документира детална шема за цицање буџетски средства. Криминалната група регистрирала 152 компании без вистинска деловна активност, користејќи ранливи граѓани или фиктивни управители како параван. Преку тие правни субјекти се издавале илјадници лажни фактури за непостоечки стоки и услуги.

Целта на фиктивниот промет била да се прикажат огромни преплатени даночни износи. На тој начин групата поднесувала барања за поврат на данок од државната каса. Вкупната сума што ја побарувале надминува 40 милиони евра, од кои 16 милиони евра веќе биле легнати на нивните сметки пред финансиските контролори да го блокираат каналот.

По завршувањето на финансискиот скен, Вурлиотис донесе наредба за замрзнување на целокупниот имот на 46 лица вклучени во пирамидата. Мерката опфаќа банкарски сметки, сефови, недвижен имот и луксузни возила стекнати со парите од даночната благајна.

Инспекторите утврдиле дека незаконски стекнатите 16 милиони евра биле префрлани преку низа транзитни сметки за да им се изгуби трагата, по што се вложувале во купување имот и финансирање други бизниси. Целокупното досие со наодите е препратено до надлежното обвинителство за покренување кривична постапка за формирање криминална организација, измама и перење пари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk