logo
logo
logo

Честитка од Македонското друштво „Илинден“ - Тирана по повод 5 Мај–Денот на македонскиот јазик

Vecer | 05.05.2025

Честитка од Македонското друштво „Илинден“ - Тирана по повод 5 Мај–Денот на македонскиот јазик

-Негувањето на мајчиниот македонски јазик значи јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите национални културни и верски традиции. Образованието на мајчин македонски јазик е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ, стои во честитката. 

Се додава дека Македонците во Албанија ги има во четири етнички области: Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник, како и во најголемите градови – Тирана, Елбасан, Драч, Каваја, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Кукс, Берат, Либражд, Валона, Фиер, Патос. 

Бројноста на Македонците во Република Албанија е над 120.000 според процена на македонските организации, но, за жал во 21 век само во Преспа имаат право на образование на мајчин македонски јазик.

-Македонското друштво „Илинден“ - Тирана од 2009 година бара образование на мајчин македонски јазик за децата во Голо Брдо, каде настава на македонски имало до 1950 годинa, потоа во Гора, како и во другите делови каде концентрацијата на Македонците е поголема, но нема позитивен одговор, се нагласува во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk