(Видео) АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО СРБИЈА - Црн дим и оган на местото на падот

Vecer | 17.11.2026

(Видео) АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО СРБИЈА - Црн дим и оган на местото на падот
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Воен авион на војската на Србија се урна денеска на нива меѓу Нова и Стара Пазова, пренесуваат српските медиуми. Според неофицијалните информации на весникот „Блиц“, станува збор за борбен авион од типот „МиГ-29“, а на фотографиите од местото на несреќата кои се појавија на социјалните мрежи се гледа како леталото гори на отворено поле.

На местото на падот веднаш се упатени бројни противпожарни екипи, возила на Итната медицинска помош, полицијата, како и припадници на Воената полиција кои го обезбедуваат поширокиот простор околу урнатиот авион. Засега нема официјални информации за состојбата на пилотот, ниту за евентуални жртви или повредени лица, а српското Министерство за одбрана сè уште се нема огласено за причините и околностите на инцидентот.

Видеото од местото на настанот може да го видите ТУКА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk