Силно невреме попладнево ја зафати северна Грција, а меѓу најпогодените области беше и Халкидики. Обилниот дожд, силните грмежи и ветрот предизвикаа материјална штета, додека над морето се појавија торнада кои ги привлекоа погледите на туристите. Драматичните сцени беа снимени од плажите, каде бројни посетители со загриженост го следеа развојот на невремето, пишува Прототема.
Најпогодени се Агринио, Фтиотида, Солун, Закинтос, Драма, Халкидики, Волос, каде жителите се соочија со интензивни феномени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата