ПРЕНИСКА ИЗЛЕЗНОСТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА: До 16:00 часот е 16,04%. Во 2021 година била 24,12%

Vecer | 25.10.2026

ПРЕНИСКА ИЗЛЕЗНОСТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА: До 16:00 часот е 16,04%. Во 2021 година била  24,12%

До 16:00 часот изборната активност во Бугарија е 16,04%, објави претседателката на Централната изборна комисија (ЦИК) Стојанка Балова на брифингот во врска со денешните избори за претседател и потпретседател.

На претходните претседателски избори во 2021 година, изборната активност во тој период изнесуваше 24,12%. Во моментов, најголема изборна активност има во 23-та изборна единица - Софија - 25,09%, а најниска е во Крџали - 6,77%, објави Балова.

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, гласаше во Банкја.

„Луѓето не гледаат обединувач на нацијата“, изјави тој, коментирајќи ја ниската излезност.

„Гледаат партиски кандидати и многу слаба предизборна кампања – исклучително слаба. Ништо што би предизвикало емоции. Има апатија, а можеби и страв – страв од машините и од репресијата на која бевме сведоци во последните неколку недели“, изјави лидерот на ГЕРБ.

Тој појасни дека не зазема ничија страна, но изрази несогласување со начинот на кој им се ставаат лисици на приведените.

„Лисици се ставаат на човек кој е опасен за обезбедувањето, може да покаже агресивност или да избега. А момчето само дошло. Нека го казнат, нека го отпуштат, нека прават што сакаат, но да го изведуваат со лисици е некако грдо. Тоа го засега самиот човек, неговите колеги и нивните семејства, кои го гледаат тоа“, коментираше лидерот на ГЕРБ.

Борисов потсети дека со години работел во безбедносниот бизнис и дека знае оти во посложени ситуации може да се направат грешки.

„Сите се луѓе, има емоции, но кога ќе видиш дека некој паднал, треба да покажеш човечност. Дури и кога станува збор за новинари, од кои некои доаѓаат специјално за да провоцираат. Ако секој почне вака да турка, тоа нема да изгледа убаво, ниту ќе биде исправно“, посочи тој.

Борисов раскажа и за случаи кога самиот им помагал на повредени во несреќи додека бил под обезбедување.

„Се сеќавам дека најмалку седум-осум пати ми се случило, додека ме обезбедуваа на улица, да наидам на сообраќајни несреќи. Еднаш, некаде кај Сливен, имаше тешка сообраќајна несреќа. Ние први ги забележавме повредените, ги зедовме и ги однесовме во болницата во Јамбол. Се сеќавам и како Петар Москов, кога беше министер за здравство, застана при друга несреќа и укажуваше прва помош. Човечност – тоа е зборот.“

Тој повика во преостанатите часови од изборниот ден ситуацијата да не се политизира и на луѓето да им се овозможи мирно да го остварат своето право на глас.

„Да не политизираме во овој ден, додека има уште неколку часа. Луѓето нека гледаат спокојно и нека гласаат“, порача Борисов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk