Обилни дождови предизвикаа големи поплави во повеќе делови на Грција. Најтешка е состојбата на островот Скијатос, каде што поројот однел два автомобила, а водата навлегла во домови и во продавници.
Невремето затвори патишта, предизвика прекини на струјата и го наруши сообраќајот.
Портокалово предупредување важи за Атика, Спорадите, Магнезија и за делови од централна Грција. Невреме се очекува и на Халкидики, североисточен Пелопонез, Кикладите, Додеканезите и на Крит.
Грчката служба за цивилна заштита рано утрово испратила итно предупредување преку системот 112.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата