logo
logo
logo

АТЕНТАТ ВО БУГАРИЈА? - Моќен бизнисмен застрелан во главата

Vecer | 30.09.2026

АТЕНТАТ ВО БУГАРИЈА? - Моќен бизнисмен застрелан во главата

Убиството на 53-годишниот бугарски бизнисмен Илијан Филипов силно ја потресе јавноста во Бугарија. Во текот на ноќта тој бил застрелан во Пловдив. Филипов беше сосопственик на една од најголемите транспортни компании во земјата – „ПИМК“, а истовремено и сопственик на фудбалскиот клуб „Ботев Пловдив“.

Според првичните информации од истрагата, нападот бил извршен со огнено оружје, при што Филипов бил погоден во пределот на главата. Инцидентот бил пријавен околу еден час по полноќ.

По пријавата, бугарското Министерство за внатрешни работи презеде голема полициска операција во Пловдив. Биле блокирани сите влезови и излези од градот, додека полициските екипи започнаа интензивна потрага по сторителот.

Истрагата во моментов ги разгледува сите можни мотиви и верзии за убиството. Според првичните проценки на истражителите, начинот на кој бил извршен нападот укажува на организирана и однапред подготвена акција.

Филипов беше добро познат во бугарскиот бизнис-сектор. Компанијата „ПИМК“ со години е присутна во сферата на транспортот и логистиката, а неговите деловни активности опфаќале и градежништво, како и железнички сообраќај.

Во јуни 2023 година Филипов го презеде управувањето со Ботев Пловдив, по што вложи значителни средства во клубот и во неговата инфраструктура.

Полициските екипи продолжуваат со увидот и собирањето докази. За денеска е најавен вонреден брифинг на обвинителството и Министерството за внатрешни работи во Пловдив, на кој се очекуваат дополнителни информации за околностите и можниот мотив за убиството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk