logo
logo
logo

Скандал во болница: ХИРУРЗИ СЕ СТЕПАЛЕ, колегите едвај ги разделиле (ВИДЕО)

Vecer | 27.02.2026

Скандал во болница: ХИРУРЗИ СЕ СТЕПАЛЕ, колегите едвај ги разделиле (ВИДЕО)

Необична тепачка се случила на Клиниката за детска хирургија во Приштина.

Според првите информации, двајца хирурзи од клиниката се тепале, чиј конфликт започнал на состанок и кулминирал во ходник на болницата, пренесува Телеграф.

Потценување е да се каже дека колегите и медицинскиот персонал биле целосно изненадени од оваа сцена и едвај можеле да ги разделат двајцата лекари кои решиле да го решат своето несогласување, очигледно, со песници.

На видеото што се појави на социјалните мрежи, јасно се гледа дека лекарите, откако размениле жестоки удари, паднале на подот и го продолжиле конфликтот во опасен клинч, сè додека еден колега не ги разделил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk