Четири лица го загубија животот, а две се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат меѓу Нови Пазар и Рашка.
Според првичните информации, до несреќата дошло по судир на две патнички возила, „опел астра“ и „голф 7“.
Полицијата потврди дека три лица починале на самото место, додека едно лице им подлегнало на повредите по приемот во болница. Двете повредени лица се хоспитализирани во Општата болница во Нови Пазар со тешки телесни повреди.
Надлежните извршиле увид на местото на несреќата, а сообраќајот на оваа делница бил во прекин неколку часа додека траела истрагата и расчистувањето на теренот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата