logo
logo
logo

Расправија меѓу млади девојки во Белград заврши со убод од нож

Vecer | 10.08.2026

Расправија меѓу млади девојки во Белград заврши со убод од нож

Во центарот на Белград, на улицата Браќа Крсмановиќ, вчера, во еден часот по полноќ, со нож била нападната и повредена 18-годишната А. М.. Таа била нападната од две девојки кои ја избоделе, а потоа избегале од местото на настанот. Повредената девојка била оставена на улица, пишува Telegraf.rs.

Полицијата веднаш по пријавата започнала истрага. Припадници на полициската станица Савски Венац, во соработка со Управата за криминалистичка полиција, брзо го решиле случајот преку оперативна работа на терен. Истражителите биле изненадени од возраста на напаѓачите.

15-годишна девојка е уапсено под сомнение за насилно однесување. Таа била испрашана во редовна постапка во присуство на нејзините родители, според наредбата на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Другата учесничка во нападот има само 13 години. Бидејќи таа не е кривично одговорна како дете, ќе биде сослушана во присуство на нејзините родители, а нејзиниот случај е проследен до Центарот за социјална работа.

По нападот, девојчињата се обиделе да ги прикријат трагите. Го скршиле ножот што го употребиле за да ја повредат А.М. и го фрлиле во Стари град. Полицијата го пронашла скршениот нож и го запленила како клучен доказ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk