logo
logo
logo

(Видео) СРБИЈА ИМА ПРЕТСЕДАТЕЛКА, ЗА ПРВПАТ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА

Vecer | 28.09.2026

(Видео) СРБИЈА ИМА ПРЕТСЕДАТЕЛКА, ЗА ПРВПАТ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА

Досегашниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, кој вчера си поднесе оставка од функцијата, утрово ѝ ги предаде претседателските должности на Ана Брнабиќ, која ја извршуваше функцијата претседател на српскиот парламент, пренесоа тамошните медиуми.

Брнабиќ сега е вршител на должноста претседател на Република Србија.

Вучиќ, како што пренесе Н1, на Брнабиќ и го предаде претседателскиот печат, потоа документите за помилување, како и други документи поврзани со неговото вршење на функцијата.

За време на примопредавањето на должноста, Вучиќ ѝ подари букет розеви рози на Брнабиќ, напоменувајќи дека денеска ѝ е роденден.

„Морам да му се заблагодарам на Александар Вучиќ за неговата борба за Србија. Мислам дека никогаш претходно не сме имале таков претседател, дека Србија никогаш повеќе нема да има претседател кој жртвувал толку многу и оставил сè друго настрана за доброто на Србија. Чест ми е што ја примам оваа должност од таков човек и што можам да ја чувам додека народот не избере кој ќе биде новиот претседател“, рече Брнабиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk