Починал тешко повредениот војник од Италија, кој беше во критична состојба по падот на воениот хеликоптер „Чинук“ кај босанскиот град Брчко попладнево, со што бројот на загинати се искачи на четворица, јавија босанските медиуми. 11 луѓе, сите членови на мировната мисија Алтеа на ЕУФОР во БиХ од Италија, се повредени.
Хеликоптерот ЦХ-47 се урнал за време на рутинска операција. На социјалните мрежи се појави снимка од моментот на падот на леталото, над кое пилотот ја загубил контролата.
Меѓу загинатите се двајца припадници на италијанската армија и двајца припадници на воениот Црвен крст. Повредените се во стабилна состојба.
#Bosnia | #BREAKING: New video of the crash of Italian 🇮🇹 CH-47 Chinook helicopter operating with EUFOR’s Operation Althea near Gorice, in the Brčko District. #Bosnia #EUFOR #Brčko #BiH #Srpska #Helicopter #HelicopterCrash #MilitaryNews #Defence #NATO @Defense785 @Defense_Talks https://t.co/yI8CH5YzUd
— Luka | Дунав Intel (@Lukai1861) October 29, 2026
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изрази сочувство до семејствата на жртвите, додека надлежните започнаа истрага за причините за несреќата. Министерот за одбрана на Италија Гвидо Кросети е на пат кон БиХ и ќе го посети местото на несреќата, најавија властите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата