logo
logo
logo

НАЈСТАРИОТ СИН на ДОНАЛД ТРАМП доаѓа во БиХ

Vecer | 06.04.2026

НАЈСТАРИОТ СИН на ДОНАЛД ТРАМП доаѓа во БиХ

Синот на американскиот претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп Помладиот, доаѓа во Бања Лука, пренесува Klix.ba.

Како што е соопштено за порталот, Трамп Помладиот првично требало да пристигне во Бања Лука на 9 април, но би можел да слета уште утре.

За време на неговиот престој во Босна и Херцеговина, се очекува тој да одржи средби со функционери на владејачките партии во Република Српска.

Според информациите до кои дојде Klix.ba, главната причина за неговото доаѓање се потенцијалните инвестиции на фирми кои ги контролира или со кои соработува Трамп Помладиот, кој го презеде водењето на семејниот бизнис откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа во јануари минатата година.

Да потсетиме, Трамп Помладиот, заедно со зетот на Трамп, Џаред Кушнер, кој сега извршува висока дипломатска функција во администрацијата на Трамп, имаше планови за инвестиции во соседна Србија, односно за изградба на „Трамп тауер“ (Trump Tower) во Белград.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk