logo
logo
logo

РАДИКАЛЕН ПРЕСВРТ - Вашингтон ја менува политиката кон ЗАПАДЕН БАЛКАН

Vecer | 15.09.2026

РАДИКАЛЕН ПРЕСВРТ - Вашингтон ја менува политиката кон ЗАПАДЕН БАЛКАН

На сослушувањето во Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД закажана за денеска, 15 септември 2026 година, заменик-помошникот државен секретар на САД Даниел Лавтон се очекува да ја претстави новата стратегија на администрацијата на Трамп за Западен Балкан.

Во најавите се најавува дека Лавтон на сослушувањето ќе нагласи дека „ерата на однадвор наметнато градење нации е завршена“.

Според информациите објавени од новинари кои известуваат од Стејт Департментот на САД американската политика во регионот во инднина ќе се насочува строго кон „локални решенија за локални проблеми“, со предупредување дека САД повеќе нема да нудат „неограничени средства за недефинирани цели“.

Новата американска стратегија за Западен Балкан се заснова на три клучни столба:

Стабилност и држување на безбедноста без долгорочно надворешно менторство.

Економска експанзија на приватниот сектор со фокус на бизнис развојоѕ и инвестициите.

Борба против криминалот со жесток притисок и пресметка со балканските картели поврзани со трговијата со дрога од Латинска Америка.

Покрај ова, се очекува САД да упатат и јасно барање до сојузниците во НАТО за исполнување на буџетските цели за одбрана, со цел да се постигне концепт кој го нарекуваат „балансирано НАТО 3.0“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk