logo
logo
logo

НОВА ТИК ТОК “ПРЕДИЗВИК ТРАГЕДИЈА: Загинаа двјца тинејџери, третиот го чувал Господ

Vecer | 21.09.2026

НОВА ТИК ТОК “ПРЕДИЗВИК ТРАГЕДИЈА: Загинаа двјца тинејџери, третиот го чувал Господ

Две момчиња на возраст од 18 и 19 години загинаа во тешка сообраќајна несреќа во романскиот округ Прахова, откако автомобилот во кој се наоѓале излетал од патот и удрил во дрво. Според наводите на романските медиуми, несреќата можеби била поврзана со обид да се повтори предизвик виден на ТикТок.

Трагедијата се случила на патот DJ 140, во општината Пучењи Мари, за време на ноќно возење. Според сведочењето на третото момче кое било во автомобилот и ја преживеало несреќата, во еден момент биле изгаснати фаровите, а потоа возачот повторно ги вклучил и забрзал непосредно пред кривината.

„Се возевме и мојот пријател, кој прв загина, се шегуваше за да ме исплаши и рече да ги угасне светлата. Фаровите ги изгасна на околу две секунди, а потоа повторно ги запали и додаде гас“, раскажало преживеаното момче, пренесуваат медиумите.

Во кривината, 18-годишниот возач ја изгубил контролата врз возилото, кое излетало од патот и со голема сила удрило во дрво. Деветнаесетгодишниот Михај, кој седел на совозачкото место, починал на местото на несреќата. Возачот Андреј бил пренесен во болница, но и тој неколку часа подоцна им подлегнал на повредите. 

Третото момче, кое седело на задното седиште, преживеало. Тој раскажал дека автомобилот можел да заврши во поле наместо во дрвото.

„Да не го свртеше воланот, ќе завршевме во поле со пченка и ќе беше подобро. Сврте налево и удривме во дрво“, рекол тој.

Неговата мајка раскажала дека нејзиниот син седел зад возачот и не бил врзан со сигурносен појас. Таа посочила дека по несреќата тој успеал да излезе на патот и да побара помош.

Според сведочењата на жители од местото, автомобилот пред несреќата се движел со голема брзина. Еден малолетен сведок изјавил дека се зборувало за брзина од околу 120 километри на час, додека друг жител посочил дека на оваа делница често се вози многу брзо.

Мештаните велат дека патот е опасен и стравуваат од возачи кои, според нивните тврдења, често возат со голема брзина.

По несреќата, полицијата покренала кривична постапка за предизвикување сообраќајна несреќа со смртен исход. Истрагата треба да ги утврди сите околности и причините што довеле до трагедијата.

Според податоците наведени во извештаите, во текот на минатата година на патиштата во Романија животот го загубиле речиси 1.300 луѓе, додека повеќе од 3.000 лица биле тешко повредени. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk