logo
logo
logo

ЌЕ ИЗВИСИ? Радев нема да ја поддржи Јотова за претседател на Бугарија

Vecer | 26.05.2026

ЌЕ ИЗВИСИ? Радев нема да ја поддржи Јотова за претседател на Бугарија

Екс-претседателот и актуелен премиер, Румен Радев, лидер на „Прогресивна Бугарија“ нема да ја поддржи Илијана Јотова на претседателските избори.

Според гласините во кулоарите Радев и „Прогресивна Бугарија“ ќе номинираат свој кандидат, пишуваат бугарски медиуми.

Според извори на News.bg, „Прогресивна Бугарија“ ќе игра со свој кандидат.

Се споменува името на Даниел Валчев – декан на Правниот факултет на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“. Тој веќе објави дека е подготвен да се врати во политиката, откако во минатото сподели дека се чувствува добро на универзитетот.

Според некои аналитичари, овој потег на Радев ќе ги подели гласовите помеѓу кандидатот на „Прогресивна Бугарија“, „Вазраждане“ и Јотова, а победникот не е јасен.

Дополнително, се отвораат можности екс-премиерот, Андреј Ѓуров – најверојатниот кандидат на ПП-ДБ, да стигне до втор круг, па дури и да победи на гласањето.

Ова нема да им се допадне и ќе предизвика отпор кај русофилските и левичарските гласачи на кои им се допаѓа тандемот Радев-Јотова.

Јотова во моментов се смета за фаворит, но без гласовите на „Прогресивна Бугарија“, вториот круг не ѝ е загарантиран.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk