logo
logo
logo

(ВИДЕО) ХАОС ВО ХАГ - Приврзаници на осудените екс-команданти на ОВК дивеат пред Судот

Vecer | 16.09.2026

(ВИДЕО) ХАОС ВО ХАГ - Приврзаници на осудените екс-команданти на ОВК дивеат пред Судот

Немири, директни напади врз меѓународни институции и масовни судири со полицијата избија веднаш откако Специјализираниот суд во Хаг ги соопшти првостепените пресуди за четирите поранешни команданти на т.н. ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи.

Само што беа објавени одлуките со кои Тачи и Красниќи се осудени на по 25 години затвор, Весељи на 18, а Сељими на 13 години робија, ситуацијата во регионот и пред меѓународните објекти целосно излезе од контрола. Групи ревотирани демонстранти извршија директен напад врз седиштето на Еулекс во близина на Приштина, каде тензиите достигнаа врв. Истовремено, хаотични сцени и физички пресметки со полицијата се регистрирани и пред зградата на судот во Хаг, каде има и неколку уапсени лица кои се обидоа да ја пробијат безбедносната кордон-линија.

Собирите на поддржувачите во Приштина се претворија во арена на отворен револт. Додека деловите од пресудата кои се однесуваа на отфрлање одредени точки беа проследени со кратки овации, секој дел од одлуката што ги третираше обвинетите како директно одговорни за грозоморните злосторства беше пречекан со гневни свирежи и напад врз институционалниот поредок. Безбедносните сили се на максимален степен на готовност поради страв од ескалација на насилството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk