logo
logo
logo

Важно е дека Французите, Германците, Италијанците, Шпанците...

СЕКОМУ Е ЈАСНО ЗА БУГАРИТЕ И ХРВАТИТЕ - Вучиќ за последната блокада за преговорите со ЕУ

Vecer | 10.07.2026

СЕКОМУ Е ЈАСНО ЗА БУГАРИТЕ И ХРВАТИТЕ - Вучиќ за последната блокада за преговорите со ЕУ

По Македонија, и во Србија почнаа да се жалат на Бугарија како пречка за евроинтеграцијата, откако Софија им се придружи на уште седум земји-членки на Европската унија, кои на состанокот на постојаните претставници (КОРЕПЕР) не дадоа зелено светло за отворање на Кластерот 3 од преговорите со северниот сосед на Македонија.

„Што се однесува до поединечните земји-членки, исто така нема да коментирам. На сите им е јасно и за Хрватите, и за Бугарите, и за сите други. Важно е дека Французите, Германците, Италијанците, Шпанците и многу, многу други наши пријатели, од Грците до Португалците, Унгарците, Романците, Полјаците, се решително и несомнено за отворање на Кластер 3 и за напредокот на Србија“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за тамошната ТВ Пинк.

„Клучниот услов се секогаш, знаете, санкциите против Русија“, посочи Вучиќ.

На прашањето дали Србија би влегла во ЕУ ако воведе санкции кон Русија и Белорусија, Вучиќ нагласи дека нема, бидејќи тогаш би го отвориле прашањето за Косово и Метохија.

„Секогаш ќе има нешто друго“, нагласи шефот на српската држава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk