Четворица осомничени за нападот во Москва изведени пред суд и обвинети за тероризам

Vecer | 25.03.2024

Четворица осомничени за нападот во Москва изведени пред суд и обвинети за тероризам
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Обвинетите се идентификувани како Далерџон Мирзоев, Саидакрами Муродали Рачабализода, Шамсидин Фаридуни и Мухамедсобир Фајзов, државјани на Таџикистан.

Полиција ги донесе во окружниот суд во Басмани во главниот град на Русија, тројцата со врзани очи, четвртиот во инвалидска количка. Кај сите се видливи црни отоци околу очите, а кај еден од нив се забележува искината пластична вреќа обвиткана околу вратот. За четвртиот кој е спроведен во инвалидска количка облечен е во болничка наметка, како што известуваат британските медиуми, се онесвестил на пат кон судницата.

Групата Исламска држава, соопшти дека го извршила злосторството во петокот во градското собрание Крокус и објави видео кое подоцна беше потврдено дека е автентично.

Обвинети се за терористичкиот чин, двајца ја признале вината а сите се соочуваат со доживотна казна затвор. Според судските власти ќе бидат задржани во истражен затвор најмалку до 22 мај.

Илјадници луѓе ширум Русија и денеска со свеќа и цвеќе в рака се збогуваат со загинатите од терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ масакр од невидени размери до сега.

Инаку и Францускиот претседтаел Емнуал Макрон изјави дека транснационалната џихадистичка терористичка група ИСИС-К, која важи за еден од најнасилните ограноци на Исламска држава, има информации дека изминатите месеци истата група се обидувала да изврши напади во Франција. По свикување на Советот за одбрана посветен на терористичкиот напад во Москва Франција го подигна нивото на терористичка закана на највисоко ниво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk