ЕУ СТАРЕЕ НЕМА КОЈ ДА РАБОТИ, спасот се бара во дојденците

Vecer | 09.01.2024

ЕУ СТАРЕЕ НЕМА КОЈ ДА РАБОТИ, спасот се бара во дојденците
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Комесарката за внатрешни работи на Европската комисија, Илва Јохансон, предупредува дека земјите-членки на ЕУ ќе мора да се соочат со тешки предизвици како што старее населението на континентот.

При посетата на Грција таа рече дека „работното население во ЕУ се намалува за еден милион годишно, што значи дека легалната миграција треба да се зголемува за речиси еден милион годишно“.

Според неа, како што пренесува АП, постои итна потреба ЕУ „да се откаже од илегалната миграција“ и „да се најдат повеќе легитимни алтернативи“.

Европската комисија се обидува да ги ревидира миграциските правила низ Унијата пред крајот на овој мандат и изборите за Европскиот парламент во јуни, а прелиминарен договор беше постигнат минатиот месец.

Според проекциите на статистичката агенција Еуростат, учеството на населението над 65 години ќе се зголеми од 21,1 отсто во 2022 година на 31,3 отсто до крајот на векот.

Иако загриженоста за миграцијата ја зајакна поддршката за екстремно десничарските и анти-ЕУ партии во многу европски земји, Јохансон тврди дека „поттикнувањето на ксенофобија и расизам се генерирани од илегалната миграција“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk