Таравари: Ако не победиме на изборите, ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧАМ ОД ПОЛИТИКАТА

Vecer | 06.04.2024

Таравари: Ако не победиме на изборите, ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧАМ ОД ПОЛИТИКАТА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Прво би побарал од европските политичари гаранции дека нема да има други услови за да го продолжиме европскиот пат. Второ, би побарал динамика за уставните промени. И трето е да се тргнеме од „Отворен Балкан“, вели Арбен Таравари, претседателски кандидат од коалицијата ВРЕДИ, во интервју за РСЕ. Тој најави повлекување од политиката при изборен неуспех.

-И во целиот западен свет е така, во сите развиени демократии е така. Ако изгубите избори, барем пред органите на партијата…иако кај нас имаше одредени случувања, не ми се дозволи од сопартијците барем едни избори да ги терам до крај. А јас им кажав, барам доверба од сите вас.

-Еден пар избори до 8 мај, ако не победиме на 8 мај, јас сум тука да дадам оставка и немаше да има сила која може да ме запре да не дадам оставка доколку бевме обединети и не победевме. И вака ќе победиме – вели Таравари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk