Музичарот Владимир Четкар периодов интензивно работи на продукцијата на неговиот нов студиски албум, па затоа набрзо заминува за САД каде што ќе започне со снимањата на материјалите во неколку студија во Чикаго и Њујорк.
На овој албум, како и на претходните Четкар ќе се потпише како комплетен автор, композитор, аранжер, продуцент, диригент, гитарист вокалист и текстописец, а материјалот, открива, ќе биде сниман во целост со живи инструменти односно со ритам, дувачки и гудачки секции.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата