logo
logo
logo

Винсент Касел (57) стана татко по четврти пат, доби син со 28-годишна манекенка

Vecer | 11.01.2025

Винсент Касел (57) стана татко по четврти пат, доби син со 28-годишна манекенка

Касел ова го објави на Инстаграм, а судејќи по фотографијата на момчето му го дадоа името Каетано, пренесува „Vanity Fair“.

„Погодете кој е роден на 7 јануари 2025 година. Тој е веќе паметен, полн со здравје, љубов и поезија. Најголемиот фраер досега“, напиша 58-годишниот актер во објавата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by VEENTZ (@vincentcassel)

Двојката ја прослави својата прва годишнина пред еден месец.

57-годишниот актер се раздели од сопругата, 27-годишната манекенка Тина Кунаки, на почетокот на 2023 година, а со Нара се зближи откако се допишувале на Инстаграм и почнале да го поминуваат времето заедно во Рио.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by N A R A H (@narahbaptista)

Нара е родена во Бразил, а на 18-годишна возраст се преселила во Квинсленд, Австралија. Во 2020 година, таа беше финалистка на австралискиот натпревар за Мис Универзум. После тоа потпишала договор со модна агенција во Бризбејн, а потоа се преселила во Бразил.

Винсент Касел има две ќерки од првиот брак со колешката Моника Белучи, 14-годишната Леони и 20-годишната Дева Касел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk