logo
logo
logo

Тејлор Свифт и Тревис Келси донирале два милиона долари

Vecer | 28.07.2026

Тејлор Свифт и Тревис Келси донирале два милиона долари

Светската музичка ѕвезда Тејлор Свифт и нејзиниот сопруг, рагбистот Тревис Келси донираа 2 милиони долари на организацијата „Answer the Call NYC“, која обезбедува финансиска помош за семејствата на полицајци, пожарникари и болничари кои ги загубиле животите вршејќи ја својата должност.

По овој гест, направен пред нивната свадба, тие добија бројни емотивни пораки на благодарност од организацијата и од семејствата на настраданите.

Патриша Полимени, сопругата на покојниот њујоршки детектив Џек Полимени, изјави дека донацијата од славниот пар носи многу повеќе од само пари:

– Вашата донација носи надеж, утеха и чувство на заедништво за семејствата кои се обидуваат да продолжат со животот по загубата на личност што го посветила својот живот на служење на другите. Слични пораки на благодарност упатија и Аманда Ривера, ќерката на полицаецот Вилијам Ривера, како и Алисон Гаргер, сопругата на Томас Џ. Кенеди, кој го загуби животот во терористичкиот напад на 11 септември.

Извршната директорка на организацијата, Лорен Профета, потврди дека овие значителни средства ќе овозможат продолжување на неопходната помош за семејствата во Њујорк. Оваа донација е дел од поширокиот хуманитарен ангажман на парот; Тејлор Свифт и Тревис Келси досега имаат донирано вкупно околу 26 милиони долари на разни организации низ САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk