logo
logo
logo

Стефан Величковски има нова песна: Разиграна и полна со ритам

Vecer | 05.08.2026

Стефан Величковски има нова песна: Разиграна и полна со ритам

Неполни два месеци по излегувањето на емотивната поп балада „Имам се’ “ со зборови кои допираат секого и се вртат во главата на секој родител од првиот ден до последен здив, македонскиот музичар и пејач Стефан Величковски веќе има нова песна. Овој пат летна, разиграна, полна со ритам срцепарателни стихови, кои ја опишуваат емоцијата на разделбата, кога едниот заминува со „КАРТА“ во еден правец в џеб во некој друг свет, а сепак копнежот ја „сече“ душата како жилет. За тоа зборуваат стиховите на темата „Карта“ во кои одново се испреплетува „семејната хармонија“ на пејачот со авторот на текстот, неговата сопруга – ТВ водителката Ана Николовска-Величковски, која заедно со Стефан е и коавтор на музика, додека аранжманот го потишува Иле Спасев. Музички во прашање е поп песна со регетон призвук, налик на големите светски хитови од средината 90-ите како што беа „ Coco Jumbo“ na Mr. President или „All that she want“ на „ Ace of Base“, на пример.

Реге – поп ритам со слушлива хармонија и певлив вокал како рецепт за летна песна која од прва влегува во уво и секогаш има потенцијал бргу да стане летен радио хит кој ќе го вртат домашните радиостаници. „Карта“ е визуелизирана и со видеоспот кој како и во музичкиот авторско – продуцентски дел, пејачот не ја менувал екипата, па за реализација на видеото повторно ја одбрај екипата на Industrial Media на Драган Ристовски.

Во спотот покрај Стефан Величковски се појавуваат и девојките од танчарското студио KaDance кои танцуваат на кореографија на Катерина Стојковска. Како звучи и изгледа „Карта“ за еден правец на Стефан Величковски, проследете од видеото во продолжение.

Фото: А.Н.В./AI Grok

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk