logo
logo
logo

Спектакл во Париз: Селин Дион ненајавено запеа на модната писта (ВИДЕО)

Vecer | 29.09.2026

Спектакл во Париз: Селин Дион ненајавено запеа на модната писта (ВИДЕО)

Настанот за колекцијата пролет/лето 2027, насловен „Изрази ја својата вредност“, го прослави самоизразувањето и јакнењето на жените преку луксузна мода.

Изненадувањето на вечерта - настапот на Селин Дион

Најголемото изненадување на вечерта го приреди канадската музичка дива Селин Дион, која се појави на модната писта и го отпеа својот хит од 2002 година „I'm Alive“ на воодушевување на публиката. Нејзиниот неочекуван настап ги спои музиката и модата во срцето на Париз.

Дион, која неодамна се врати на сцената, блескаше во тесен, црн фустан од кадифе без прерамки со плисиран дел што се држеше до корсет. Со пуштена коса и насмевка на лицето, ѕвездата родена во Квебек неодамна започна серија од 26 концерти во француската престолнина - 16 закажани во септември и октомври, а дополнителни 10 планирани за мај 2027 година.

Шоуто го носеа и бројни други ѕвезди

Ѕвездата на вечерта покрај Селин Дион беше супермоделот Кендал Џенер. Таа носеше долг црн фустан со шлиц, без ракави и висока јака. Проѕирниот материјал откри корсет во стил на беж долна облека. Истата вечер, таа беше фотографирана на улиците на Париз во друштво на нејзиното момче Џејкоб Елорди.

По настапот, на пејачката на пистата ѝ се придружија и други амбасадори на „Лореал“. Меѓу нив, се издвоија актерките Ева Лонгорија, Џејн Фонда, Виола Дејвис, Енди Мекдауел и Симон Ешли. Хајди Клум, Кара Делевин, бразилската пејачка Анита, Аја Наоми Кинг, Кристен Бел, италијанската актерка Изабела Ферари и француската актерка Филипин Лерој-Болие.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by WWD (@wwd)

Мексиканската актерка Рената Нотни, португалскиот модел Франциска Кика Гомес, кинеската актерка Џоу Је, британската пејачка со тајландско потекло Ребека Патриша Армстронг, германскиот инфлуенсер Џејкоб Рот, Вирџини Дубост, јужноафриканската актерка Ама Камата, шведскиот модел Дезире Ингландер, Украинката Катерина Силенчко, германската манекенка Лена Герке и италијанската пејачка Елоди го комплетираа ѕвездениот список.

Неделата на модата во Париз, посветена на женските колекции за пролет и лето, трае до 6 октомври. Со оглед на тоа што Диор, Том Форд, Скијапарели и Живанши сè уште не ги претставија своите најнови креации, можно е Селин Дион да се види во првите редови на некои од најголемите ревии на сезоната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk